МАКЕДОНСКИОТ ЛЕВАНДОВСКИ ВО ГЕРМАНИЈА Со 84 гола Стоилов стана најдобар во целата земја!

Но, Стоилов со 84 гола е најдобар стрелец во Германија и меѓу професионалнците и меѓу аматерите! Веќе имал понуди од екипи од повисок ранг, но тој игра за забава, но Македонецот одбил затоа што сакал да се фокусира на личниот развој.

324

Александар Стоилов, кој има само 21 година е најдобриот млад фудбалер во аматерската лига на Германија, а го викаат „македонскиот Левандовски“. На својот дрес тој носи ѕвезда од Кутлеш, а игра во „Македонија Штутгарт“. Тој е само еден од многуте наши фудбалери кои играат во аматерски лиги низ Европа, а за кои не знаеме многу.

 






Стоилов бил забележан во германските медиуми откако дал 13 гола на еден натпревар, односно Македонија Штутгарт го победила тимот Германија Дегерлох со 17-0. Во целата сезона тимот извојувал 25 победи и само едно реми, за да заврши на врвот со 76 поени.

Но, Стоилов со 84 гола е најдобар стрелец во Германија и меѓу професионалнците и меѓу аматерите! Веќе имал понуди од екипи од повисок ранг, но тој игра за забава, но Македонецот одбил затоа што сакал да се фокусира на личниот развој.

Поврзани содржини