Македонскиот диџеј Стем и годинава на традиционалниот словенечки фестивал „Сајета“
Настапот на Александар Темков на еден од најпознатите и најоригинални музички фестивало во Словенија, вториот ден од одржувањето на „Сајета' која се одржува од 6 до 11 јули, траел од полноќ до раните утрински часови
Во најавата за настапот на Александар Темков, ака диџеј Стем на програмата на традиционалниот арт енд мјузик фестивал во словенечкото гратче Толмин, пишува: Александар Темков, ака диџеј Стем е „The Bunker Jockey“, кој свири танцови парчиња со тврд ритам запишани под папката диско-панк, фанки-панк, класичен-панк, што и да е-панк.
Неговото мото е: „Битовите ги кршат сите бетонски ѕидови на парчиња, ги победуваат сите бетонизирани души“.
Ова е негово четврто доаѓање на Сајета, на кое со неговото еклектично раскажување приказни се танцува до изгрејсонце.
Сајета е уметнички и музички фестивал кој бил формиран како група работилници кон крајот на 90-тите, за подоцна да сфатат дека во Словенија нема доволно интересни музички фестивали кои ги пречекоруваат жанровските ограничувања и на кои можат да присуствуваат иноватори од областа на електронски, џез, рок, етно, експериментален и други стилови, на една сцена. Затоа, неговите организатори, новосаѓанката Сања Поповиќ Лебан и нејзиниот партнер и соработник толминецот Јанез Лебан, го смениле концептот на Сајета во музички фестивал кој промовира модерни пристапи во музиката, но носи и заборавени имиња од некоја историска музичка алтернатива. Тоа е фестивал на креативност, каде што музиката е на прво место и не е ограничена со какви било жанровски спецификации.
Во минатите изданија тие беа домаќини на важни музичари, претежно од споменатите области на креативна електроника, њу-џез, рок … Сајета во основа е бутик-фестивал на кој присуствуваат помал број слушатели што ги прави атмосферата и настапите дотолку повпечатливи. Покрај тоа, самото место на одржување, вливот на две алпски реки, Соча и Толминка, е навистина волшебно и има огромно влијание врз сите музичари што се појавиле на фестивалот досега, како и на посетителите. Годинава се одржува 22-рото издание на фестивалот.