МАКЕДОНСКИОТ АМБАСАДОР Е ВО СКРИВНИЦА Османи вели дека дал инструкции за евакуација
Нашиот амбасадор таму е со екипата и како се активираат алармите за воздушни напади, дадов инструкција да ја напуштат земјата и да одат во соседните држави. Тој моментално е во скривница. Имаме неколку граѓани во други градови во Украина и сега е потешко, нема комерцијални летови. Тие со кои имаме комуникација се безбедни, им доставувме патни исправи, но нема начин како да ја напуштат земјата, изјави Османи.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „24 анализа“ рече дека амбасадата во овие тешки услови се обидува да ги услужи граѓаните кои не ја напуштиле Украина, а од денеска тоа ќе оди и потешко поради воената ситуација. Не прецизираше дали Македонија ќе прати војници, ако се активира членот 5, односно доколку Русија напредува кон територијата некоја од земјите членки.
– Нашиот амбасадор таму е со екипата и како се активираат алармите за воздушни напади, дадов инструкција да ја напуштат земјата и да одат во соседните држави. Тој моментално е во скривница. Имаме неколку граѓани во други градови во Украина и сега е потешко, нема комерцијални летови. Тие со кои имаме комуникација се безбедни, им доставувме патни исправи, но нема начин како да ја напуштат земјата. Немаме информации дека некој е повреден. Мапиравме 100 граѓани таму, од кои некои се семејства на наши државјани, а 30-мина се во специјалната мониторинг мисија на ОБСЕ и тие се под аранжман на генералниот секретаријат на ОБСЕ, 12-мина ја информираа амбасадата дека ја напуштаат земјата. Ако има позитивен момент во ова, тоа е дека сме членка на НАТО. Одлуките ги носиме врз база на времени квалитетни информации. Целосно сме вклучени во сите тела и го нудиме и нашиот придонес – рече Османи.