Македонскиот активен туризам со видео се промовира на Lonely Planet

Видеото е подготвено од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ во соработка со Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка.

298

Со двеминутно промотивно видео, земјава е претставена како врвна дестинација за активен туризам во престижниот туристички информатор Lonely Planet. Видеото, кое беше премиерно објавено оваа недела, е дел од посебна секција наречена „Daydreaming during Covid” – секција во која авторитет во туристичката индустрија ја инспирира својата милионска публика од цел свет да посетат различни дестинации, вклучително и земјава.

Нашата земја во промотивното видео открива активности во недопрена природа, каде луѓето можат да бидат заедно, а сепак на безбедна дистанца, високо во планините или длабоко под водата, искусувајќи го адреналинот и храната, ветрот при едрење или брзината при кајакарење, не изоставајќи ја можноста при тоа да се посетат историските знаменитости, лозови насади, неоткриените села…со една и единствена порака: Најди ја сопствената авантура! #alliNMacedonia.






Видеото е подготвено од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот – АППТ во соработка со Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка. Истото претставува сиже од 10-те промотивни видеа кои АППТ и ИМЕ ги подготвија во рамки на кампањата „Дома си е дома“ и каде се претставени 10 туристички дестинации со конкретни активности и производи како дел од активниот туризам (планинарење, велосипедизам, спортско качување, параглајдинг итн.), во комбинација со културни искуства, рурални предели и гастрономија.

Со ова видео, земјава за првпат се појавува со самостојна објава на Lonely Planet. До сега, неколку пати сме биле дел од нивни едиторијали и топ-листи заедно со други дестинации од регионот и пошироко.

Пред неколку месеци, Северна Македонија се најде и на нивната топ листата на 10 најдобри дестинации за посета во 2020 на Lonely Planet.

Поврзани содржини