МАКЕДОНСКИ УЧАТ И УЧЕНИЦИ СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО, АМА И ХРВАТИ Деспина Велинска е првата наставничка по македонски јазик во Загреб
Кога седмоодделенец, Хрват, ќе ви каже дека одбрал да учи македонски во своето училиште во Загреб, затоа што сака да стане туристички водич, а веќе знае англиски, хрватски, босански и српски, не знаете што ви е посимпатично, дали детето или наставничката која му влеала љубов кон јазик кој, особено на денешните генерации, им е како „шпанско село“
Деспина Велинска е првата наставничка по македонски јазик која ги учи на мајчиниот јазик децата кои живеат во главниот град на Хрватска, но и оние кои без оглед на тоа што немаат македонско потекло, сакаат да ги научат македонскиот јазик и кириличното писмо.
Предава во две основни училишта во Загреб, „Никола Тесла“, училиштето кое го посети екипата на „Мајка и дете“, а од пред 9 години и во училиштето „Аугуст Харамбашиќ“.
Наставата по македонски јазик во „Никола Тесла“ се одвива во саботите, а во другото училиште во четврток и во петок попладне.
„Замислете каква е таа желба да се учи македонски кога децата, иако никој не ги обврзал на тоа бидејќи станува збор за изборен предмет, доаѓаат да учат дури и во сабота“, вели нашата соговорничка.
Деспина ни објаснува дека иако учењето на македонскиот јазик е изборен предмет, оценката влегува во свидетелствата на учениците.
Целиот текст побарајте го на порталот „Мајка и дете“.