МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ВОВЕДУВА НОВА ДИГИТАЛНА ТАРИФА ЗА МЛАДИ Концептот „W“ е специјално дизајниран за генерацијата Z
Новата дигитална тарифа е креирана да понуди најсовремени дигитални услуги и максимална вредност за младите.
Македонски Телеком воведува нова дигитална тарифа за млади – „W“, специјално дизајнирана за генерацијата Z, со фокус на флексибилност, брзина и ексклузивни Magenta Moments пoнуди. Во духот на начинот на комуникација и навиките на младите, „W“ носи три главни поволности: неограничени разговори, 50GB мобилен интернет и 5G брзина.
– „W“ е многу повеќе од тарифа. Tоа е еден нов концепт наменет за младите, прилагоден на нивниот начин на живот, што ќе им овозможи да бидат постојано поврзани, да споделуваат, да комуницираат или да гејмаат неограничено со гигабитни брзини. Но нашата цел исто така беше да им понудиме нешто сосема ново и различно. Токму затоа се вклучени и ексклузивни поволности преку Magenta Moments, коишто ќе донесат максимална вредност за младите корисници – истакна Емилија Андоновска, главен комерцијален директор за приватни корисници.
За да добијат максимални придобивки од „W“, корисниците треба активно да ја користат апликацијата Telekom MK: да плаќаат сметки, да активираат пакети, да ја користат програмата Magenta Moments, да играат игри, да ги покануваат пријателите и семејството да ја користат апликацијата.
Преку Magenta Moments, во делот за Телеком поволности, ќе бидат достапни дополнителни пакети коишто ќе можат да се активираат со собирање срца, како што се: неограничен интернет, неограничени SMS пораки, интернет во роаминг, пакети Speak Out и Stream On. Освен телекомуникациски поволности, ќе бидат достапни и ексклузивни понуди од партнерите наменети само за оваа тарифа.
Новата дигитална тарифа е креирана да понуди најсовремени дигитални услуги и максимална вредност за младите.
Повеќе информации на www.telekom.mk