МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ СО РАСТ И СТАБИЛНИ РЕЗУЛТАТИ Компанијата се пофали со финансискиот пораст и наградата за најдобра мрежа

Вкупните капитални инвестиции за првите девет месеци од 2024 година достигнаа 1,114 милиони денари, што ја потврдува насоката кон стабилни и долгорочни вложувања.

770

Македонски Телеком ги прикажа своите позитивни резултати и во третиот квартал од 2024 година, со пораст на приходите од продажба за 1,4 проценти споредено со претходната година, додека оперативните приходи пораснаа за 0,9 проценти. Компанијата објави благо намалување на нето добивката од 1 процент и на оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) за 2,4 проценти. Вкупните капитални инвестиции за првите девет месеци од 2024 година достигнаа 1,114 милиони денари, што ја потврдува насоката кон стабилни и долгорочни вложувања.

– Задоволни сме од постигнатите резултати и финансискиот раст во сите клучни сегменти на работењето – велат од компанијата, додавајќи дека и во иднина ќе се фокусираат на иновации и на подобрување на услугите за своите корисници.






Награди и признанија за најдобра мрежа

Македонски Телеком ја освои престижната награда на Ookla® за најдобра мрежа, врз основа на анализи кои покажуваат дека компанијата нуди најголема брзина и најдобар квалитет на мобилната и фиксната мрежа во земјата.

– Нашите постојани вложувања во инфраструктурата и новите технологии овозможуваат супериорна услуга и најдобра покриеност со оптика – посочуваат од Македонски Телеком.

Компанијата денес има 339 илјади пристапи до оптика, со 12 проценти раст во споредба со истиот период минатата година, а нејзината 5G мрежа е достапна за 93 проценти од населението.

Супериорно корисничко искуство и нови програми за наградување

Компанијата продолжува со пораст на корисничката база во сите сегменти, вклучувајќи и широкопојасен интернет, каде што бројот на корисници е зголемен за 3,8 проценти.

– Со нашата програма Magenta Moments, достигнавме бројка од 230 илјади задоволни корисници – изјавија од компанијата.

Програмата, која обезбедува награди и поволности, е значаен дел од стратегијата на компанијата за подобрување на корисничкото искуство.

Во мобилниот сектор, Македонски Телеком има стабилна пазарна позиција со удел од 47,9 проценти и база од 1,3 милиони корисници, додека во фиксната телефонија останува лидер со 62,5 проценти удел.

MagentaTV – Лидер на ТВ пазарот

На ТВ пазарот, Македонски Телеком продолжува да биде на првата позиција со 35,3 проценти пазарен удел. Новата дигитална телевизија, MagentaTV, се наметнува како најдобар избор за корисниците благодарение на своите напредни функции и иновативно ТВ искуство. Бројот на ТВ корисници на компанијата се зголеми за 4,1 проценти, со што базата достигна 155,4 илјади корисници.

– Горди сме што MagentaTV ги надминува очекувањата на нашите корисници и им овозможува уникатно дигитално доживување – додаваат од Македонски Телеком.

Поврзани содржини