Македонски телеком оствари добивка од 11,2 милиони евра во првото полугодие

Телекомот во овој период бележи зголемување на приходите од продажба.

653

Нето добивката на „Македонски Телеком“ за првото полугодие од годинава е намалена за 21,3 отсто споредено со истиот период лани и изнесува 692.844.000 денари (11,2 милиони евра), соопшти компанијата преку Македонска берза.

Од компанијата сметаат дека ако се исклучи трошокот за опремнини за вработените во првите шест месеци од 2020 година намалувањето на нето добивката би било помало односно  од 15 отсто споредено со ланиското прво полугодие.






Сепак, Телекомот во овој период бележи зголемување на приходите од продажба кои изнесуваат 5, 177 милијарди денари, што претставува зголемување за 0,7 отсто  во споредба со истиот период лани. Раст е забележан кај приходите од дигиталната телевизија  од системска интеграција и ИТ услуги  како и пордажбата на интернет. Намалување е регистриано кај приходите од говорни услуги во фиксниот и имобилниот сегмент.

-Поради намалениот појдовен сообраќај за 7,4 отсто како и намалениот меѓународен дојдовен сообраќај  за 3,7 отсто се намалени приходите од говорните услуги во фиксниот сегмент. Во овој период,  како што покажуваат податоците, бројот на корисници во фиксната телефонија е зголемен за  2,1 отсто во однос на ланското прво полугодие – велат од Македонски телеком.

Во првите шест месеци од годината Макдонски телеком бележи намалување на бројот на мобилни претплатници од 3,3 отсто и сега нивниот број изнесува  1.159.000 претплатници.

И во овој сегмент во првото полугодие од годинава компанијата бележи намалување кај говорни мобилни услуги вклучително и приходите од говорни услуги –големопродажба од 4,6 отсто.

– Ова намалување главно произлегува од намалувањето на приходите од при-пејд сообраќај, намалениот обем на меѓународен дојдовен сообраќај во терминација и намалените приходи од роаминг заради COVID – 19 пандемијата како и дополнителното намалување на цените од 1. јули 2019 година со земјите од западен Балкан согласно измените во регулативата во делот на говорните услуги во роаминг во рамки на Балканските земји – велат од Макеодснки телеком.

Оттаму додаваат дека очекуваат негативното влијание во при-пејд сегментот и роаминг услугите да продолжи и во следните месеци.

– Сепак, не очекуваме значајно влијание во насока на остварување на целите на крајот на годината – велат од Македонски телеком.

Вкупниот број на пристапи на широкопојасен интернет (вклучувајќи ги и корисниците на конвергентни услуги) на крајот јуни е зголемен за 4,8 отсто и изнесува 206,6 илјади во споредба со 197,1 илјади на крајот од истиот период од претходната година.

– Инвестициите во оптичката мрежа резултираа со пораст на бројот на домаќинства покриени со оптички пристап од 13,2% на крајот од првите шест месеци од 2020 година, споредено со истиот период од минатата година. На крајот од првите шест месеци од 2020 година покриеноста на домаќинствата со пристап до оптика достигна 36,9%, или веќе станува збор за над 200 илјади домаќинства со можност за користење на нашата оптичка мрежа – велат од компанијата..

МКТ на крајот од првите шест месеци од 2020 година оствари зголемување на бројот на
корисници на IPTV (вклучувајќи Magenta 1, 3 Play и други TV услуги) за 4,7% во споредба со истиот
период од претходната година што резултираше со база од 138 илјади корисници на крајот од
првите шест месеци од 2020 година.

Приходите од малопродажен Интернет на крајот од првите шест месеци од 2020 година се
зголемени за 1,0% во споредба со истиот период од претходната година.

Приходите од дигитална телевизија преку Интернет протокол („IPTV“) на крајот од првите шест
месеци од 2020 година се зголемени за 7,7% во споредба со истиот период од претходната
година.

Приходите од неговорни услуги за шест месеци се зголемија за 1,4% во споредба со истиот период од претходната година, главно како резултат на зголемените приходи од мобилен Интернет и поголем GPRS сообраќај и зголеменото користење на податочни тарифни модели.

Приходите од системска интеграција и ИТ услуги на крајот од првите шест месеци од 2020 година
се зголемија за 49,0% во споредба со истиот период од претходната година како резултат на
поголемиот број на ИКТ проекти како и зголемени приходи од Cloud Computing услугите и
интернет заштита.

На страната на трошоците, на крајот од првите шест месеци од 2020 година оперативните расходи
бележат зголемување од 5,1 отсто  во споредба со истиот период од претходната година, што во
најголем дел се должи на значајното зголемување на трошоците за амортизација.

Трошоците за вработени се зголемени за 6,4% на крајот од првите шест месеци од 2020 година во
споредба со истиот период од претходната година како резултат на трошоците за отпремнини за
вработените кои ја напуштија компанијата.

Расходите за услуги со карактер на материјални трошоци се зголемени за 2,6% на крајот од
првите шест месеци од 2020 година во споредба со истиот период од претходната година.

Вкупните капитални инвестиции (CAPEX), на крајот од првите шест месеци од 2020 година
изнесуваат 1,37 милијарди  денари.

 

Поврзани содржини