Македонски пасош со украден идентитет добил и Валид Иса Хмаис, главен соработник на италијанската мафија

Според последните информации објавени во италијанските медиуми, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, лицето наводно се наоѓа на островската држава Маврициус.

1,111

Денеска ќе ви презентираме нови документи доставени од свиркач до ВМРО-ДПМНЕ, а кои се однесуваат на аферата „Мафија“, рече Владо Мисајловски, потпретседател на партијата.

– Дали македонски пасош издаден од МВР на Спасовски и Заев имал и еден од главните соработници на италијанската мафија? Валид Иса Хмаис кој важи за главниот перач на пари од трговијата со кокаин на италијанската нарко мафија на 09.01.2019 година во Скопје во регуларна постапка се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош со украден идентитет на Македонец од Корча, Вурмо Таќо, роден 1965 година. Дали е ова вистина или како што нарекуваат од СДСМ само перцепција? Валид од 2017 година е во бегство во повеќе држави во светот, а по добивање на македонскиот пасош на име Таќо Вурмо, два пати во месец јануари 2019 година го искористил македонскиот пасош и преку аеродром Петровец заминал за Турција – рече Мисајловски.






Според последните информации објавени во италијанските медиуми, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, лицето наводно се наоѓа на островската држава Маврициус.

– Македонија станала Колумбија на Балканот. Не смее оваа афера да заврши со одговорност само на службеници.  За аферата „Мафија“ морале да знаат и одговорните лица во МВР и Владата. Зошто нема никаква потерница по овие лица кои добиле легален македонски пасош со скриен или лажен идентитет? Мафијаши од ваков калибар влегувале во македонската полиција да се сликаат, и сакаат сега од владата на Заев и Спасовски да не уверат дека ниту еден полициски службеник не приметил дека станува збор за исклучително опасни луѓе? Зашто МВР нема истрага за тоа дали отворале банкарски сметки? Зашто и по инсистирање на партнерските безбедносни служби Спасовски и МВР не превземале ништо за санкционирање на овој скандал и афера? Овие мафијаши плаќале пари за издавање на овие пасоши, каде завршиле тие пари? Едно е јасно, мафијата и власта биле едно исто. И затоа мора да има одговорност – рече Мисајловски.

Поврзани содржини