МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ ПРЕДЛАГА НОВ ГРАЃАНСКИ УСТАВ Oва е текстот на нивната преамбула

Политичката партија Македонски концепт, како промотор на идејата за донесување на нов граѓански устав, предлага нацрт преамбула и измени во дел од нормативните решенија, кои според оваа партија би биле македонско, а не бугарско или хрватско решение за почеток на преговорите со ЕУ.

244

Според партијата Македонски концепт, Република Северна Македонија би требало да усвои граѓански устав, чија преамбула би требало да гласи вака:

„Ние, македонските граѓани, како луѓе обдарени со природни и неотуѓиви права, по самото свое раѓање, тргнувајќи од заедничките вредности и наследство, се договоривме да ја конституираме нашата татковина Република Северна Македонија како самостојна, суверена, независна, демократска и граѓанска држава – Република, дом на сите нејзини граѓани, преземајќи ја одговорноста за сегашноста и иднината на новите генерации, свесни и благодарни на нашите предци за жртвите и посветеноста во нивните заложби и борба за создавање на заедничка држава на сите нејзини граѓани, без разлика на етничката, религиозната, половата или било каква друга припадност и стремежот за зачувување на историското културно, духовно и државно наследство на македонскиот народ и неговата вековна борба за национална и социјална слобода и државност, преточена низ државно-правните традиции и акти на Македонското востание, Македонската Револуционерна Организација, Илинденското востание и Крушевската Република, АСНОМ, уставно-правниот континуитет на македонската држава како суверена Република согласно Уставите од 1946 година до Декларацијата за самостојност, сувереност и независност на Република Македонија од 25 јануари 1991 година и слободно изразената волја на граѓаните на Република Македонија на референдумот од 8 септември 1991 година и Уставот од 17 ноември 1991 година, вклучително и Охридскиот рамковен договор од 13 август 2001, а пред се одговорни за зачувување и развој на соживот помеѓу сите етнички заедници, еднакви во своите индивидуални граѓански и човекови права и обврски кон заедничкото добро, со намера да се воспостави и зацврсти владеењето на правото, да се обезбеди мир, социјална правда, економска благосостојба и напредок на личниот и заедничкиот живот, преку своите претставници во Собранието на Република Северна Македонија, избрани на слободни и демократски избори го донесуваат овој – Устав на Република Северна Македонија.“






Според предлогот на МК, во нормативнито дел од Уставот треба да стои:

„Сите јазици на сите македонски граѓани се во службена употреба на целата територија на Републиката, со користење на македонскиот јазик како задолжителен во државните институции и „лингва франка“ (заеднички јазик за сите) и јазик за меѓунардна употреба и официјално претставување на државата во мултилатерална и билатерална комуникација.

– Сите етнички знамиња на сите етнички заедници, вклучително и македонската, се во службена употреба во задолжително присуство на националното – државно знаме, на целата територија на Републиката.

– Официјални симболи на државата се: Знаме, Грб и Химна. (знамето останува исто, официјален грб станува земскиот грб на Македонија, Химната „Денес над Македонија се раѓа“ се менува во текстот и се внесува термин „македонски граѓани“)“.

Поврзани содржини