МАКЕДОНСКИ ЕКСПЕРТИ ПРЕЗЕНТИРАА ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА НИКОТИНОТ НА СВЕТСКИ САМИТ Намалувањето на штетите од тутунот да стане столб на политиките за јавно здравје

Повеќе од 200 стручни лица од 51 земја, меѓу кои имаше и експерти од Македонија, дискутираа за намалувањето на штетите од тутун како значајна стратегија за унапредување на јавното здравје за пушачите кои не сакаат да се откажат од никотинот.

57

Глобалните стратегии и регулативата за контрола на тутунот мора да се засноваат врз научни сознанија и докази, а намалувањето на штетата да стане столб на политиките за јавно здравје. Ова е генералниот заклучок од научниот Самит за намалување на штетата од тутун што по осми пат се одржа во Атина во организација на Меѓународната асоцијација за контрола на пушењето и намалување на штети (SCOHRE).

Повеќе од 200 стручни лица од 51 земја, меѓу кои имаше и експерти од Македонија, дискутираа за намалувањето на штетите од тутун како значајна стратегија за унапредување на јавното здравје за пушачите кои не сакаат да се откажат од никотинот. Во овој контекст, учесниците ги споделија најновите истражувања и сознанија за алтернативите на пушењето, како и позитивните светски практики од поразвиените земји каде што стратегиите за јавното здравје опфаќаат безбедни и регулирани алтернативи како помалку штетна опција за пушачите.






– Додека престанокот на пушењето останува златен стандард, алтернативите како што се електронските цигари, загреаниот тутун и оралните никотински производи претставуваат прагматична, научно базирана опција – беше генералниот заклучок од презентираните истражувања, сознанија и споделени практики на конференцијата.

Група експерти од Македонија пред учесниците на Самитот презентираше научна студија за никотинот – како неговите молекули се однесуваат во различни состојби. Студијата „Експериментална и теориска студија на вибрационата динамика кај никотин и негови деривати во различни состојби“ ја спроведоа универзитетските професори Љупчо Пејов, Јасмина Тониќ Рибарска, Кристина Митиќ, Мереме Идризи и Благој Ачевски, во која точно утврдија кои видови вибрации постојат кај молекулите на никотинот и како тие се менуваат во зависност од состојбата во која се наоѓаат.

Професорот Карл Фагерстром, експерт за јавно здравје, во својот воведен говор на Самитот се осврна на искуството на Шведска со никотинот, каде што земјата ја спушти стапката на пушење на само 5%, најниска во Европската Унија. Овој успех на Шведска во голема мера се припишува на широката употреба на никотински производи без чад.

– Ова достигнување е јасен доказ дека намалувањето на штетите од тутунот функционира, поткрепено со податоци од реалниот свет. Време е да се преиспитаат јавните политики и да се осигура дека науката, а не идеологијата, ги води одлуките за јавно здравје – истакна Фагерстром.

Во однос на европските политики за јавното здравје, експертите се осврнаа на предизвикот на зголемувањето на трошоците за јавно здравство во Европа. Тие се согласуваат дека повеќето земји не можат да продолжат да ги зголемуваат буџетите за здравствена заштита во ситуација кога хроничните болести претставуваат значителен економски товар за државите. Тоа го прави концептот на намалувањето на штетите суштинска стратегија за превенција, со многубројни медицински и економски придобивки.

(ПР објава на ФМТКП)

Поврзани содржини