МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН УБИЛ 81-ГОДИШЕН МАЖ ВО ГЕРМАНИЈА Уапсен е во Грција, ќе биде екстрадиран
Убиството било извршено на 9 февруари, кога неколку сторители го врзале човекот, му ја затвориле устата и украле пари од неговиот дом, а тој починал од задушување, објавија грчките медиуми.
Во Грција синоќа е уапсен македонски државјанин по кој е распишана европска потерница и кој е баран од германските власти за учество во грабеж и во убиство на 81-годишен маж во февруари годинава во Германија. Тој бил уапсен во обид да влезе во Грција, објавија грчките медиуми.
Според документите од германските власти, станува збор за 34-годишен маж од Македонија, кој заедно со свои сонародници бил на деловно патување во мал град во сојузната покраина Хесен и сите престојувале во една од собите што ги издавал 81-годишниот маж.
Убиството било извршено на 9 февруари, кога сторителите ја врзале жртвата, му ја затвориле устата и украле пари од неговиот дом, а 81-годишникот починал од задушување.
По апсењето, 34-годишниот македонски државјанин ќе биде изведен пред јавен обвинител во Солун, за да започне постапката за негова екстрадиција во Германија.