МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН УАПСЕН НА ИЗЛЕЗ ОД АЛБАНИЈА КОН ЦРНА ГОРА Се работи на негова екстрадиција во Македонија

Интерпол Тирана соработува со Интерпол Скопје и другите надлежни органи на двете земји со цел екстрадиција на приведениот во Северна Македонија, се вели во соопштението на пограничната полиција на Албанија.

603

Албанската гранична полиција во соработка со Интерпол Тирана, на преминот на албанско-црногорската граница Муриќан, на излез од Албанија привела македонски државјанин баран со меѓународна потерница.

„За Н.А.(51), жител на Северна Македонија, Интерпол Скопје имаше распишано меѓународна потерница по барање на судот во Скопје, издадена на 1 јуни 2023 година, откако му одредил мерка „затворски притвор“ за кривично дело „разбојништво“. Интерпол Тирана соработува со Интерпол Скопје и другите надлежни органи на двете земји со цел екстрадиција на приведениот во Северна Македонија“, стои во полициското соопштение.






Полицијата додава дека приведувањето е резултат на интензивните проверки на Граничната полиција, со цел спречување и сузбивање на прекуграничен криминал и проверки за приведување граѓани барани со меѓународна потерница. 

Поврзани содржини