МАКЕДОНСКИ ДРУШТВА ЈА ПРИЈАВИЈА БУГАРИЈА ВО ЕК ЗА КРШЕЊЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРАВО Бараат казна за системско кршење на правата на Македонците

Повод за ова, како што информираат од Движењето, е одбивањето на Бугарија да го регистрира Македонскиот клуб за етничка толеранција, со што се кршат неколку основни одредби на правото, директивите, процедурите и на практиките  на Европската Унија.

122

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП)  и уште трид други друштва и неколку поединци вчера во Европската комисија поднесоа пријава за кршење на правото на Европската Унија против Република Бугарија.

Повод за ова, како што информираат од Движењето, е одбивањето на Бугарија да го регистрира Македонскиот клуб за етничка толеранција, со што се кршат неколку основни одредби на правото, директивите, процедурите и на практиките  на Европската Унија.






„Со пријавата се бара правен лек со цел Република Бугарија да биде натерана да ја регистрира оваа забранета македонска организација (како и други организации) и да се наведе Европската Унија да стави крај на бугарското систематско кршење на правата на Македонците“, информира ММДЧП.

Ова следи по 14 успешни судски процеси кои македонски организации ги отпочнаа против Бугарија пред Европскиот суд за човекови права, за разни кршења на човековите права и за сузбивање на основното право на граѓаните на здружување во културни, политички и други видови на организации само поради нивната македонска етничка припадност.

„Сега, борбата за основните човекови права на Македонците е префрлена врз самата ЕУ, конкретно врз Европската комисија која доби нови овластувања да ги казнува земјите-членки кои не го почитуваат правото на ЕУ. Комисијата сега има моќ да спроведува пресуди на Европскиот суд за човекови права“ појаснуваат од Движењето.

Пријавата ја поднеле друштвата Нов Асном, Македонското меѓународно движење за човекови права, Светскиот македонски конгрес – Канада и друштвотот Етничка толеранција.

 

 

Поврзани содржини