📷 МАКЕДОНСКАТА СЦЕНА ПОСИЛНА СО ЛОТАРИЈА Поддршка за домашни фестивали и концерти со светски имиња

Компанијата вложува во култура, спорт и образование, истакнувајќи ја општествената одговорност како дел од својата мисија.

136

Државна лотарија ја потврдува својата мисија како активен општествен партнер, вложувајќи во културата, спортот, образованието и јавниот живот преку одговорно приредување игри на среќа. Компанијата истакнува дека токму општествената одговорност е еден од столбовите на нејзиното работење.






„Нашата визија отсекогаш била јасна – да приредуваме игри на среќа на одговорен начин, а од секоја уплата дел да се враќа назад во заедницата. Кога еден игра – сите добиваат“, велат од Државна лотарија.

Во изминатата година, компанијата е препознаена како поддржувач на бројни културни и спортски манифестации, со што придонела кон збогатување на јавните содржини и подигање на квалитетот на заедницата.

„Горди сме што македонската публика имаше можност да ужива во настапите на светски имиња како Пласидо Доминго, Масив Атак, Армин ван Бјурен, Џејсон Деруло и Ник Кејв, но и што сме дел од настани кои ја негуваат домашната културна традиција“, појаснуваат од компанијата.

Државна лотарија потсетува дека еден од најважните аспекти на нејзината работа е вложувањето во локалните заедници преку поддршка на фестивали, концерти и манифестации од национален интерес.

„Ние не сме само компанија, туку партнер на општествениот развој. Нашата улога е да инвестираме во културата и образованието, да ја поттикнеме креативноста и да го зачуваме културниот континуитет“, додаваат од Лотарија.

Со ваквата стратегија, Државна лотарија се потврдува како значаен промотор на етичко работење и општествена одговорност, под мотото – „Кога еден учествува, сите добиваат“.

Поврзани содржини