Поранешната македонска пејачка Зорица Блажева (или попозната по уметничкото име Зои Блаж) е во врска со поранешниот ракометар на Металург, Тадеј Матијашиќ, а во моментов двајцата се во Германија, бидејќи Матијашиќ игра ракомет во градот Зул.
Тие двајца решија да одат чекор напред во својата врска, па Тадеј минатиот викенд ја запроси Зои во Германија.
„Кажав „да“ на човекот којшто ме прави да се чуствувам посебна, кажав „да“ на среќата, кажав „да“ на љубовта, кажав „да“ на еден нов живот во кои ќе има само убавини… Те сакам највеќе на цел свет“, напиша Зои на социјалните мрежи и им се заблагодари на сите за честитките.
Зои е во неколкугодишна врска со Тадеј, кој по потекло е од Словенија. Зои од музиката и пеењето се префрли на шминкањето, па токму таа е заслужна за мејкапот на многу познати македонски имиња.
ФОТО: Фејсбук