МАКЕДОНСКАТА НАТПРЕВАРУВАЧКА ДИСКВАЛИФИКУВАНА ОД „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“ За Валери заврши натпреварот

Димовска вели дека за неа натпреварот завршил по вториот круг, но дека повторно ќе се пријави следната сезона.

17,317

Натпреварувачката во „Ѕвездите на Гранд“, Валери Димовска објави на социјалните мрежи дека е дисквалификувана.

Димовска, 24-годишна натпреварувачка од Скопје, вели дека за неа натпреварот завршил по вториот круг, но дека повторно ќе се пријави следната сезона.






– Бев болна кога се снимаше третиот круг и затоа сум дисквалификувана, бидејќи не можев да се појавам на снимањето. Следната година повторно ќе се пријавам – изјавила Валери за порталот „Нема забрањених“.

Инаку, на дисквалификуваната пејачка ментор во натпреварувањето ѝ беше Ѓорѓе Давид.

Димовска за првиот круг на натпреварот ги одбрала песните „Ајде тогаш ништо“ од Тијана Богиќевиќ и „Те сакам“ од Анастасија Ражнатовиќ, а потоа беше наградена со сите шест гласа.

– Бидејќи ги имаш сите гласови, никој не може да се повлече, ти ќе си го избереш менторот. Знам кого ќе  земеш и еве јас тоа ќе го забележам – рекол тогаш Саша Поповиќ.

 

Поврзани содржини