Македонската кинематографија ќе биде дел од големи европски филмови во улога на копродуцент

Мултилатералните ко-продукции сега имаат минимално учество од 5 отсто (претходен процент 10 отсто), додека билатералните ко-продукции имаат минимално учество 10 отсто (претходен процент 20 отсто), соопштуваат од Агенцијата за филм.

343

Земјава станува дел од ревидираната Европска конвенција за кинематографска копродукција, во која покрај членките имаат право да земат учество и земјите кои не се дел од Европската Унија, а имаат потенцијал и кадар за работа на интернационални проекти.

Целта на ревидираната Конвенција, информираат од Агенцијата за филм, е да обезбеди правна и финансиска рамка за ко-продукција на долгометражни филмови, во кои се вклучени продукции основани во три или повеќе држави потписнички.






„Тоа значи дека двојно се намалени условите кои мора да ги исполнуваат продукциите за да се сметаат за копродуценти и тоа: Мултилатералните ко-продукции сега имаат минимално учество од 5 отсто (претходен процент 10 отсто), додека билатералните ко-продукции имаат минимално учество 10 отсто (претходен процент 20 отсто)“, соопштуваат од Агенцијата за филм.

– Задоволен сум што нашата земја добива подобра шанса да биде дел од големи европски филмови во улога на копродуцент. Двојното намалување на условите за учество во филмови што некогаш се многу скапи за нас значи подадена рака во европската кинематаграфија – вели Горјан Тозија, директор на Агенцијата за филм.

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуроимаж ја има надлежноста врз ваквите проекти, но и за истите ќе овозможи споделување на најдобрите практики со цел полесно заокружување на ваков тип на соработки.

Оваа олеснителна околност за македонските продукции официјално стапува на сила на 1 октомври 2020 година.

Поврзани содржини