Македонската фудбалска репрезентација ја победи Ерменија

342

Македонската фудбалска репрезентација ја совлада Ерменија со 2:0 попладнево во 1. коло од Ц-групата во Лигата на нации.

Двата гола на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје, Македонците ги постигнаа од пенал во првото полувреме, откако во два наврата во гостинскиот шеснаесетник беше фаулиран Елиф Елмас.






Стрелец на првиот погодок беше Езџан Алиоски (5. минута), а на вториот Илија Несторовски (38. минута).

И Ерменците голот го дадоа со удар од 11 метри. Тигран Барсегјан го постигна конечниот резултат во 90+4 минута.

Во другиот натпревар од првото коло во оваа група, Естонија од 18 часот ја пречекува Грузија.

Поврзани содржини