Македонската економија со раст од 0,2 отсто на дното во регионот
Во регионот највисок раст има економијата на Србија од 5,0 отсто.
Македонската економија во првиот квартал од годината забележала незначителен раст од 0,2 отсто, покажуваат податоците на Европската комисија кои се однесуваат на растот на домашниот бруто производ (БДП) во замјите од регионот на западен Балкан вклучително и Турција.
Највисок раст на БДП од 5 отсто има Србија која ја следи Турција со 4,5 отсто. Потоа следат Црна Гора со 2,7 отсто, Босна и Херцеговина од 2,0 отсто и со 1,3 отсто. Албанија, пак, има негатива од минус 2,5 отсто.