Македонската е-спорт асоцијација се вклучува во борбата Ковид-19 со он-лајн турнири
Победниците ќе бидат наградени преку поддршката од спонзорите на настанот: „M3DS“, „Lynx Animation“, „Galerija“, „GG.MK“ и „Jakomo“.
Во време кога глобалната пандемија наметнува различен начин на секојдневно живеење во кое социјалната дистанца и престојувањето дома се од исклучителна важност, видео игрите и еспортот кои и онака се веќе во голем подем, претставуваат едни од главните начини на социјализација и извор на забава.
Оваа реалност ја препозна и Светската здравствена организација која на почетокот на годината во соработка со реномирани е-спорт и гејминг имиња започна кампања за социјализација преку видео игрите.
Kако прв претставник од домашната гејминг сцена со поддршка на СЗО се приклучува и Македонската е-спорт асоцијација преку своите он-лајн турнири во познатити видео игри „League of Legends“ и „Counter Strike: Global Offensive“.
– Македонската е-спорт асоцијација примарно беше создадена од ентузијасти за видео игри кои веруваат во социјалната моќ на видео игрите и можноста истите да ги зближат луѓето. Логично следство ни претставуваше да овозможиме натпреварувања во најпознатите видео игри преку кои можеме да помогнеме во олеснување на оваа уникатна ситуација. Гејминг сцената воопшто е исклучително позитивно изненадена од иницијативата на Светската здравствена организација, покрај фактот дека се користат видео игрите како помогатели во ова време, оваа кампања дополнително додава кон борбата против негативната стигма која е создадена за видео игрите. Гејмингот и интернетот имаат потенцијал да зближат луѓе со слични размислувања, а веќе години наназад сѐ повеќе се зголемува оваа заедница од луѓе кои имаат иста пасија. Показател за ова е ѝ дека квотата за тимови кои можат да се регистрираат за овој турнир се пополни само по неколку часа од објавувањето на истиот, што ни дава мотивација вакви организирани натпреварувања да создаваме се почесто, а притоа да помогнеме во олеснувањето на секојдневието на играчите – изјави Константин Пејоски, Претседател на Македонската е-спорт асоцијација.
Гореспоменатите он-лајн турнири ќе се одвиваат од 24.4 (Петок) до 26.4 (Недела) и ќе можат да се гледаат во живо на twitch.tv/mesa_mk и twitch.tv/ggtvmk.
Победниците ќе бидат наградени преку поддршката од спонзорите на настанот: „M3DS“, „Lynx Animation“, „Galerija“, „GG.MK“ и „Jakomo“.
Како и во светски рамки, во последните неколку години гејмингот во Македонија доживува огромен подем. Врвните играчи на овие видео игри се сметаат за професионални атлети и добиваат визи еднакви на професионалните фудбалери, кошаркари, ракометари или било кои други врвни спортисти.
Огромната бројка на гледачи и љубители кои ги следат овие натпреварувања дополнително додава на афиримирањето на натпреварувањето во видео игри како спорт, а бројката на гледачи до 2021 година е предвидено да се искачи на 250 милиони љубители на ваквиот вид натпреварувања.