МАКЕДОНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА НОВИНАРИ И КАНАЛ 5 ОРГАНИЗИРААТ ХУМАНИТАРНИ АКЦИИ ЗА ТУРКИЈЕ Кој ќе помогне прв ако не новинарите!

Планирани се повеќе хуманитарни активности. Под покровителство на Канал 5, ќе се одржи Телетон конференција на која сите граѓани ќе можат со свои јавувања за донираат финансиска помош на преживеаните во земјотресот и семејствата на настраданите.

249

Македонската асоцијација на новинари (MАН) изразува сочувство до Република Туркије и пријателскиот турски народ за катастрофалната трагедија која се случи од ударот на силниот земјотрес од 7,9 степени по Рихтеровата скала, во која животот го загубија најмалку 1900 луѓе, а над 6.000 лица се повредени.

– Изразуваме сочувство до семејствата на настраданите и поддршка на спасувачките екипи во овие тешки моменти за Република Туркије. Истовремено, најавуваме дека МАН и Канал 5 ТВ, веќе организираме серија хуманитарни активности за помош на преживеаните од катастрофалниот земјотрес – се вели во соопштението.






МАН ги повикува своите членови и медиуми да ги објавуваат на видни места и во ударни термини сите вести поврзани со укажување материјална и нематеријална помош за преживеаните во земјотресот.

  1. Во тек е отворање сметки за донации во Халк банка, на кои од утре ќе можете да уплатите финансиски средства за помош на преживеаните и семејствата на настраданите, а бројот на сметките дополнително ќе го објавиме.
  2. Од утре е отворен склад за материјални донации во дворот на поранешен ОХИС, на улица Борис Трајковски 75Б (лице за контакт: Ѓуре, 071242170), каде што граѓаните и компаниите можат да донесат она што им е најпотребно на погодените во земјотресот:
  • вода
  • храна
  • конзервирана храна
  • млечни производи
  • лекови
  • топла облека
  • ќебиња
  • осветлување
  • средства за лична хигиена
  • батерии
  • пелени
  • бебешка храна
  • горна и долна облека
  • обувки
  • екстерни батерии
  • свеќи

Складот за материјални донации ќе биде отворен утре и во среда, а потоа донациите ќе бидат транспортирани во местата во Туркије каде е најпотребна.

  1. Под покровителство на Канал 5, ќе се одржи Телетон конференција на која сите граѓани ќе можат со свои јавувања за донираат финансиска помош на преживеаните во земјотресот и семејствата на настраданите. Телетон конференцијата ќе се одржи в недела на Канал 5, а со јавување на телефоните кои ќе бидат на екраните, ќе донирате финансиска помош на преживеаните во катастрофалниот земјотрес во Туркије.

МАН и Канал 5 ги повикуваат сите јавни личности и општествено одговорни лица кои сакаат да учествуваат во Телетонот да се јават на следните емаилови:

[email protected]

[email protected]

или нека направат личен контакт со официјалните лица на МАН и на Канал 5.

– Република Туркије и турскиот народ се големи пријатели на Македонија и македонскиот народ и во овие тешки моменти, ние сме со нив – се вели во соопштението на МАН.

Поврзани содржини