МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ШВАЈЦАРИЈА ОТВОРИ ТЕЛЕФОНСКА ЛИНИЈА ПО СТРАОТНИОТ ПОЖАР Да се јават оние на кои им е потребна помош

Швајцарската полиција наведе дека во пожарот загинале околу 40 лица.

110

Македонската амбасада во Швајцарија објави телефонски број на кој македонските граѓани може да се обратат во врска со трагичната несреќа што се случи во Кран Монтана.

„Амбасадата на Република Северна Македонија внимателно ги следи случувањата во Кран Монтана и е во состојба на подготвеност да им пружи помош на своите државјани. Во случај на потреба од асистенција, ве молиме контактирајте го итниот број на Амбасадата: +41 79 923 79 57“, стои во објавата на Амбасадата на Фејсбук.






Швајцарската полиција наведе дека во пожарот загинале околу 40 лица.

Медиумите наведуваат дека повеќето од гостите биле на возраст од 15 до 20 години.

Меѓу загинатите има луѓе од различни националности, кои, како што наведуваат официјалните лица, ќе бидат потребни недели за да се идентификуваат.

🎥(ВОЗНЕМИРУВАЧКО) СЀ ПЛАМНАЛО ВО ЕДЕН МОМЕНТ Бројот на жртви расте, 47 загинати во пожарот во Кран Монтана

Поврзани содржини