🎥 МАКЕДОНСКА СВАДБА НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА Ечи песната „Ти донесов млада невеста“, сватовите се фатија на орото
Српски туриство Пантелејмонас случајно снимил македонска свадба и ја споделил снимката на Фејсбук. Видеото со играњето оро на песната „Ти донесов млада невеста“ брзо предизвика симпатии и коментари, а авторот воодушевено истакна дека се работи за „македонска свадба“.
Во Пантелејмонас, Грција, на 13 септември, Србин од терасата на својата хотелска соба забележал необична сцена – македонска свадба со оро и со традиционални македонски песни.
Станува збор за Братислав Божиќ, кој за време на својот одмор случајно се нашол во близина на прославата и со големо воодушевување го снимил моментот кога се играло оро на песната „Ти донесов млада невеста“.
Видеото потоа го споделил во Фејсбук групата „Грчка инфо“, придружувајќи го со краток, но јасен коментар – „Македонска свадба“.
Божиќ, фасциниран од енергијата и од музиката, не криел колку му се допаѓа нашата традиција.