Македонска пошта денеска доби виза од Владата да преговара со банките за извршување на платниот промет, кој беше прекинат со пропаѓањето на Еуростандард банка
– На барање на Собранието на акционери на АД „Пошта на Северна Македонија“, владата ѝ даде согласност на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје за отпочнување на постапка на преговори со цел склучување на нов Договор за деловна соработка со деловна банка, преку која ќе ги врши услугите на платниот промет, соопшти владата.