МАКЕДОНСКА ПОШТА МОРА ДА ПРЕЖИВЕЕ Владата ќе се бори против интересите на некои приватни компании
Македонска пошта има околу 1.900 вработени, планираме да ја рационализираме на 1.400 вработени со еден план што го работиме, но мора да преживее затоа што има големи приватни интереси кои сакаат Пошта да колабира, истакна вицепремиерот Александар Николоски.
„Ќе се избориме да ја одржиме Македонска пошта и нема да дозволиме приватните интереси да ја уништат државната пошта“.
Ова го истакна вицепремиерот Александар Николоски на поткастот „Бизнис Муабети“.
– Пошта мора да преживее. Тоа ми е огромна битка иако многумина не сакаат. Пошта има околу 1.900 вработени, планираме да ја рационализираме на 1.400 вработени со еден план што го работиме, но мора да преживее затоа што има големи приватни интереси кои сакаат Пошта да колабира. Тоа се приватните пошти. Но, нема да дозволиме – истакна вицепремиерот Николоски.