МАКЕДОНСКА НЕОФИЦИЈАЛНА АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Така СДСМ и ДУИ го гледаат МАНАВ, вели Стоилковски
Постојано има скандали со огласите и приемите во МНАВ, каде напикаа роднини, деца, внуци и коалициски партнери за плати неколкупати поголеми од просечните, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на новинарско прашање за скандалот каде раководни лица од МНАВ си поднесоа оставки поради вработувањата на несоодветни кадри, одговори дека СДС и ДУИ го гледаат МНАВ како Македонска неофицијална Агенција за вработување.
– Во владата снимаат демек проевропски реклами, а шиткале петарди. ДУИ и СДС како и до сега, повторно на контролата за летање гледаат Македонска неофицијална Агенција за вработување! Ова е таканаречениот европскиот призвук, екотот на проевропската коалиција СДС ДУИ, и веројатно за тоа ќе ја известат и ЕК. Да потсетиме дека така европски СДС и ДУИ се посомневаа во Евроконтрол и тестирањето во Данска минатата година каде наместо децата на ДУИ и СДС влегоа други кандидати, па дури и бараа докази од Данска!Постојано има скандали со огласите и приемите во МНАВ, каде напикаа роднини, деца, внуци и коалициски партнери за плати неколкупати поголеми од просечните. И лани имаше скандали со вработувања, а претходно да потсетам, скандалозно вработуваа роднини, деца, зетовци, братучеди на пратеници и министри од СДС и ДУИ како роднините на министерот Љупчо Николовски, беа менувани и членови на комисијата за прием на работа во МНАВ. Никогаш не било полошо и затоа, важно е да ги поразиме – потенцираше Стоилковски на денешната прес-конференција.