Македонска берза го запре тргувањето со акциите на ЗК „Пелагонија“

Се оечкува и информација од Комбинатот.

1,356

По налог од Комисијата за хартии од вредност, времено се суспендира тргувањето со акциите на ЗК „Пелагонија“ АД Битола информира денеска Македонска берза.

Од Берзата додаваат дека се очекува и официјално соопштение од ЗК „Пелагонија“.






Вчера медиумите информираа дека има обид  за манипулација на помалите акционери во ЗК Пелагонија со што вештачки се крева цената на акцијата на комбинатот, а тоа го прават некои берзански шпекуланти и брокери.

Акциите на СК „Пелагонија“ деновиве достигнаа цена од 3.000 денари на Берзата. Овие акции се интересни за купувачите уште од декември кога во блок трансакција вредна вредна околу 85.000 евра се продадоа 1.749 акции. следеше уште една трансакција од околу 103.000 евра кога се продадоа 2.117 акции од „ЗК Пелагонија“.

Завчера пак во две блок трансакции со вредност од околу 374.000 евра на берзата беа продадени 7.456 акции на Комбинатот.

Акциите во низата блок трансакции се продадоа по цена од 3.000 и 3.900 денари за акција.

На последното Собрание на акционери од  8 февруари беше донесена одлука за продажба на 2803 акции  или 1,38 отсто од основната главнина на „Пелагонија“. Нивната номинална вредност тогаш изнесуваше  70,2 евра по акција. Купувачите на овие акции се стекнуваат со право на глас во Собранието на акционери.

Во сопственичката структура на ЗК „Пелагонија“ со висок износ на акции, над 5 отсто, фигурираат: „Софија градба“ која поседува 22,7 отсто од акциите, Цветан Панделевски и Орка Холдинг со 19,9 отсто, и Ненад Јосифовиќ кој поседува 7,39 отсто од акциите. Меѓу акционерите е и ТИМ доо која е сопственост на синот на Панделевски.

Поврзани содржини