Македонска берза го запре тргувањето со акции на „Реплек“

Берзата ги чека одлуките на акционерското собрание на „Реплек“.

940

Македонска берза денеска времено го прекина тргувањето со акциите издадени од „Реплек“ во очекување друштвото да објави одлуки од собранието на акционери.

Како што се дознава мнозинството акционери на вчерашното годишно собрание им изгласале недоверба на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на компанијата, поради нетранспарентност и се незадоволни од нивното работење.






Управниот одбор на „Реплек“ го сочинуваат: Иван Туџаров  – претседател, Душан Пецовски, Даница Зимбакова, Сузана Милошевска и Лилјана Макрадули.

Во Надзорниот одбор се: Алесандар Томовски – претседател, Иван Соколов, Адела Николовска, Томислав Димовски  и Анастасија Јоксимовиќ.

Поврзани содржини