Поседувајќи неверојатен музички талент, 32-годишната Деница од Тетово настапуваше на музичкото натпреварување „Малта има талент“ (Malta’s Got Talent), кое е издание на една од најпопуларните емисии „Британија има талент“.
Скромната Деница со својот настап буквално го расплака жирито.
Кога еден од членовите на жирито ја праша од каде е по потекло, Деница гордо кажа дека е Македонка.
Својот емотивен настап ѝ го посвети на мајка си, која починала пред 20 години.