МАКЕДОНКА СИ ГО ЗАБОРАВИЛА ДЕТЕТО ВО ПРЕГРЕАН АВТОМОБИЛ ВО ПУЛА Против неодговорниот родител ќе биде поднесена кривична пријава
Детето било префрлено во болница за да добие медицинска помош, а засега не е познато колку време останало само во возилото.
Хрватската полиција во Пула спасила дете кое останало во прегреан автомобил, откако неговата мајка од Македонија го заборавила.
Детето било префрлено во болница за да добие медицинска помош, а засега не е познато колку време останало само во возилото.
Полицијата добила дојава дека има дете кое плаче во автомобилот, по што една полицајка успеала да ја отвори вратата и да го извлече детето.
Против македoнската државјанка ќе биде спроведена кривична пријава.