МАКЕДОНКА И НЕЈЗИНОТО БЕБЕ БРУТАЛНО УБИЕНИ ВО ШВАЈЦАРИЈА Сопругот од Охрид го извршил злосторството, па се обидел да се самоубие

Швајцарската полиција ги пронашла телата на мајката и бебето во семејниот стан, а осомничениот сопруг признал дека ја убил сопругата. Иако формално бил пријавен како бугарски државјанин, осомничениот маж е од македонско потекло.

1,089

Во швајцарскиот град Живисие, во саботата попладне се случи трагедија во која беа убиени 30-годишна Македонка и нејзиното шестнеделно бебе, за што е осомничен нејзиниот сопруг кој е 43-годишен маж со потекло од Охрид, а кој живеел во Швајцарија со бугарски пасош, објави швајцарскиот портал 20.min.ch.

Тој по убиствата се обидел да изврши самоубиство, но преживеал со полесни повреди и бил хоспитализиран под полициски надзор.






Швајцарската полиција ги пронашла мажот, жената и бебето во семејниот стан по дојава добиена во 16:45 часот. Жртвите, идентификувани како М.Т. (родена 1995 година) и бебето Д.Т. (родено 2024 година), биле прогласени за мртви на местото на настанот. Првичните информации укажуваат дека мажот, А.Т., роден 1982 година, го признал убиството на сопругата, а Јавното обвинителство на кантонот Фрајбур отвори истрага за двојно убиство со умисла.

Македонското Министерство за надворешни работи потврди дека било информирано од швајцарските власти на 5 јули во 17:00 часот, и дека амбасадата во Берн е во контакт со локалните институции и семејството на жртвите.

Иако во Швајцарија бил пријавен како бугарски државјанин, осомничениот е со македонско потекло.

Случајот повторно ја става во фокус темата за семејното насилство и за потребата од поефикасна заштита на жртвите, без оглед на нивната националност или правен статус.

Поврзани содржини