Македонка главна улога во спотот на Жељко Самарџиќ и „Црвена јабука“ ВИДЕО

651

Српскиот пејач Жељко Самарџиќ и хрватската група „Црвена јабука“ објавија спот за песната „Aлеје љубави“.

Музиката и текстот на песната ги напиша Мирко Шенковски-Геронимо, а аранжманот го направи Мирослав Столица.






Спотот се снимаше речеси цело лето на просторите на поранешна Југославија. Се почна од Скопје, па преку Белград, Сараево, Загреб, Љубљана, Подгорица до Скадарско езеро и Јадранско море и секако Мостар, родниот град на Жера и Жељко.

Главна улога во спотот е убавата Македонка Иларија Кирилов.

Такво целокупно снимање на музички спот до сега не е забележано на овие простори, а секако има и поголемо значење зашто е сниман во време на пандемија од коронавирус.

Екипата поминала повеќе од 5.000 километри за да го реализира видеото, а снимениот материјал не бил за едно, туку за 3. видеа, па режисерот бил во слатка неволја.

 

Поврзани содржини