МАКЕДОНИЈА2025 ОБЈАВИ ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПОРКЕТОТ „ЛИДЕР“ Врвна програма за развој на бизнис и претприемништво во Македонија

Преку интерактивни методи на учење и работа со студии на случаи, учесниците ќе имаат можност да стекнат дополнителни практични знаења и вештини за сите фази од развојот на бизнисот, вклучувајќи изработка на стратегија, финансии, маркетинг, промоција, продажба и раст, како и да го унапредат своето бизнис-размислување.

38

Македонија2025 објави отворен повик за проектот ЛИДЕР, кој по 18. пат ќе се одржи од 14 до 27 април 2026 година во Скопје. Проектот се реализира во соработка со Ivey Business School – Western University, кои ја организираат оваа програма уште од 1991 година.

Програмата претставува десетдневна MBA (Master of Business Administration) обука, која ги охрабрува и поттикнува македонските претприемачи да развиваат локални бизнис-решенија што создаваат нови можности за социјален и економски развој.






Преку интерактивни методи на учење и работа со студии на случаи, учесниците ќе имаат можност да стекнат дополнителни практични знаења и вештини за сите фази од развојот на бизнисот, вклучувајќи изработка на стратегија, финансии, маркетинг, промоција, продажба и раст, како и да го унапредат своето бизнис-размислување.

Во текот на програмата, учесниците ќе имаат можност и за индивидуални менторски сесии со инструктори од Ivey Business School и/или ментори обезбедени од Македонија2025.

На повикот можат да се пријават учесници до 35 години, претприемачи, менаџери, сопственици на компании, млади професионалци од бизнис-сферата, како и сите заинтересирани кои сакаат да ги продлабочат своите знаења од областа на бизнисот и претприемништвото.

Инструкторите на проектот ЛИДЕР доаѓаат од канадската Ivey Business School и ќе им помогнат на избраните кандидати да воведат нови бизнис-практики во работењето на своите постоечки компании или да ги претворат своите идеи во одржливи и успешни бизниси.

Повикот е отворен до 15 март 2026 година. Повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање се достапни во официјалниот отворен повик – ТУКА.

За дополнителни информации, контактирајте нè на: [email protected].

Поврзани содржини