Македонија засега не го менува ставот за „АстраЗенека“

Филипче вели дека ќе се анализираат и други публикации и ставови, па потоа ќе се одлучува.

237

Македонија засега останува на својата стратегија во врска со вакцината на „АстраЗенека“ и ќе се чекаат искуствата од другите земји, и покрај тоа што вчера Германија дозволи вакцинација за сите возрасти.

– Прво сите 24.000 вакцини на „АстраЗенека“ се веќе дадени. Нема промени, кај нас вакцината „АстраЗенека“ е дадена на постарите граѓани, не се земаат само во предвид искуствата од Германија, туку и од други земји. Ќе се анализираат и другите публикации и ставови, и врз основа на тоа ќе носиме одлуки. Засега нема промена во ставот – одговори министерот на новинарско прашање.

Поврзани содржини