МАКЕДОНИЈА ЗАГУБИ ОД ХРВАТСКА Нашите ракометари покажаа дека се подготвени за Светското првенство
Македонија одигра рамноправен натпревар против фаворизираниот противник, па домаќинот добро се намачи за да дојде до победата.
Ракометната репрезентација на Македонија во неизвесен меч загуби во Вараждин од Хрватска со 27-25 на генералната контрола пред почетокот на Светското првенство.
Македонија одигра рамноправен натпревар против фаворизираниот противник, па домаќинот добро се намачи за да дојде до победата.
Нашата репрезентација имаше и предност по првото полувреме, водевме со 14-13 пред одморот благодарение на извонредна партија на Никола Митревски кој забележа 8 одбрани во тие 30 минути.
Сепак финишот им припадна на Хрватите.
Атанасијевиќ беше најдобар стрелец во нашиот состав со пет голови, Костески постигна четири, Кузмановски и Серафимов по три.