МАКЕДОНИЈА ВРИЕ, ТЕМПЕРАТУРИ ДО 42°C Пеколно време до сабота, а в недела пороен дожд и грмежи

Жешка недела пред нас. Температури над 40°C ќе го погодат целата земја. Освежување се очекува дури во недела со пороен дожд и грмежи.

4,563

До крајот на неделата Македонија ќе биде под силно влијание на топлотен бран кој ќе ја крене живата во термометарот над 40 степени. Според најновите податоци од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде сончево и екстремно топло, со мали до умерени облаци во некои делови од земјата.

Според УХМР, температурите ќе бидат значително над просекот за јули, со екстремни вредности на југот и истокот од државата.






Температурен шок: Еве што нè очекува во следните денови

– Во Скопскиот, Вардарскиот и во југоисточниот регион, температурата може да достигне и до 42°C,

– Во Пелагонија се очекуваат 38 до 40°C,

– Во Полошкиот регион температури од 32 до 38°C,

– Во југозападниот, источниот и во североисточниот регион температури меѓу 34 и 38°C

– Времето ќе биде над просекот за овој период, па властите апелираат на внимание, особено кај постарите лица, хронично болните и децата – велат од УХМР.

Надлежните ги повикуваат граѓаните да избегнуваат престој на отворено во најжешкиот дел од денот, да пијат повеќе течности и да се заштитат од директна сончева изложеност.

Во недела се очекува локална нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи, како и пад на температурите. Ова би можело да го означи крајот на жешкиот бран, барем привремено.

ЖЕШТИНАТА МОЖЕ ДА УБИЕ Еве што препорачуваат докторите, не ја игнорирајте оваа листа

Поврзани содржини