Македонија води против Грузија со 1:0

Со победа Македонија за прв пат во историјата ќе се пласира на Европско првенство во фудбал.

294

Македонија води со 1: 0 против Грузија со голот на Горан Пандев кој се случи во 56тата минута по одличната акција во која учествуваа и Елиф Елмас и Илија Несторовски.

Како што најавија, сите играчи кои добија шанса од селекторот Игор Ангеловски, го дадоа својот максимум, бескомпромисно влегуваа во дуелите со физички силните Грузијци и на крајот заслужено беа наградени со пласман на континенталното натпреварување.






На евро-шампионатот, одложен поради коронавирусот од оваа за следната, 2021 година, македонскиот национален тим ќе игра во Ц-групата со селекциите на Холандија, Украина и Австрија.

Со победа Македонија за прв пат во историјата ќе се пласира на Европско првенство во фудбал.

Поврзани содржини