МАКЕДОНИЈА ВО ТОП 5 БРЗОРАСТЕЧКИ ЕКОНОМИИ ВО ЕВРОПА Мицкоски очекува раст на БДП за 3-4% во првиот квартал

Очекувам во првиот квартал од оваа година да бидеме во првите пет економии во Европа, порача премиерот Христијан Мицкоски.

510

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на одбележувањето 80 години постоење на Завод за статистика одговарајќи на новинарско прашање во однос на очекувањата за растот на БДП споредено со другите земји од Европа, изјави:

– Па јас тоа го кажувам изминатиов период и очекувам конечно и првиот квартал од оваа година да покаже едно консолидирање, да бидеме во првите пет-шест, би рекол економии во Европа, во првиот квартал според процентот од Бруто домашниот производ на раст, да речеме би се задржал на онаа бројка што од порано ја имам комуницирано, помеѓу 3-4%, но да видиме деновиве, претпоставувам ќе се објави и таа бројка.

Поврзани содржини