МАКЕДОНИЈА ВО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Најстудено во Берово, – 6 Целзиусови степени
Максималните дневни температури ќе се движат од 9 Целзусови степени во Охрид и Велес, до 13 во Дојран.
Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Изутринава се измерени минусни темератури речиси во цела Македонија.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко.
Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, минималните утрински температури се движеа од -6 во Берово, до 1 степен во Дојран, а максималните дневни ќе се движат од 9 Целзусови степени во Охрид и Велес, до 13 во Дојран.
Утре не очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер.