Македонија во хорор филмот на Ломбардија!?
Вчера, можев самиот да се осведочам, како во мојот Охрид, погребите се нижат како на подвижна лента: уште не завршен првиот, доаѓаат малкумината роднини и пријатели да го испратат вториот, па после третиот и така со ред.
И ете, другарки и другари, дами господо, браќа и сестри, „понекад доѓу времена“, кога, и лекарите не можат повеќе ништо да сторат, а ниту оџите, ниту, пак, поповите пристигнуваат навреме!!!
Синоќа, на Н1 телевизија, водителот, пријателот на нашиот премиер (оној со кого другарот Заев „прича српски да га цео свет разуме!“) „остана без текст“ при крајот на емисијата, кога, гостинот му заплака пред телевизиските камери!
Кога возрасни, стари луѓе леат солзи, другари Заев и Филипче, тука нема шега! Тука, како велат сограѓаните на мојот драг пријател и другар Спасески, „дошја нож до коску“!
Оној што заплака, другарки и другари, е учен човек, Бошњак, муслиман. Заплака од јад и чемер, затоа што „оџите немаат време за сите, мртвите чекаат во редица за џенада!“. За тоа време, лидерите на политичките партии, на неговите Бошњаци, смислуваат византиски игри, како да му ја одземат, на избори, веќе добиената градоначалничка функција, на еден Србин!?
И тоа не на било кој Србин, и на Србин – по занает политички, туку на еден Богиќ Богиќевиќ, другарчето на нашиот Циле (Васил Тупурковски), човекот, кој, на југо-генералите им рече едно големо НЕ, а со тоа спречи воведување воена состојба во поранешната југословенска заедница.
Гостинот, ги спои здравството и политиката, животот и смртта, поразен пред смртта заплака на јавна сцена, откако актуелната состојба ја разголи до коска: сараевскиот Бергамо е директна последица на неодговорното, себичното и кукавичкото однесување на политичарите, на партиските велможи!
Прашање на време е другарки и другари кога и кај нас ќе дојде тоа време, ако, веќе и не е дојдено. Д-р Нико Беќароски, експерт, не аџамија како мене, пред себе и пред сите нас, го поставува прашањето: „Зарем навистина имаме толку изразен нагон на самоуништување? Ако владата решила по секоја цена да прави попис, ако градоначалниците трчаат да продадат уште некоја градежна маркица, зарем и НИЕ самите ДИГНАВМЕ РАЦЕ ОД СЕБЕ“!?
Во очај предупредува „Секој ден починуваат дваесетина наши граѓани, сега засега во болниците, но прашање на денови кога смртта ќе завладее по улиците“.
И така, другари и другарки, „понекад доѓу времена, када памет заќути, будала проговори, а фукара се обогати“!
Истиот тој Андриќ, писател и дипломат, добитник на Нобелова награда, во „Травничка хроника“, на страница 50 (издание на НИП „Нова Македонија“ од 1984 – под уредништво на Божин Павлоски), пишува: „ЗА ЛЕКАРИТЕ БЕШЕ ДОЦНА, А ОЏАТА СЕКОГАШ ПРИСТИГНУВА НАВРЕМЕ“!!!
И ете, другарки и другари, дами господо, браќа и сестри, „понекад доѓу времена“, кога и лекарите не можат повеќе ништо да сторат, а ниту оџите, ниту поповите не пристигнуваат навреме!!!
Вчера, можев самиот да се осведочам, како во мојот Охрид, погребите се нижат како на подвижна лента: уште не завршен првиот, доаѓаат малкумината роднини и пријатели да го испратат вториот, па после третиот и така со ред.
Како и во Сараево, босанското Бергамо, а ако вака продложи да се однесува политиката, и власта и опозицијата, Бергамо ќе биде и мојот Охрид, Ломбардија ќе биде мојата татковина!
Власта и опозицијата, меѓусебно се обвинуваат, за неможноста да се соберат парламентарците, за да изгласаат закони, од кои зависи опстанокот на многу луѓе. Опозицијата не сака да им ги гласа другите закони, ама ги повикува тие од власта, да ги изгласаат заедно законите поврзани со корона кризата и да си одат. Ќе кажеме – неодговорно, ама што има тука нелегитимно кога е во прашање една опозиција?
Власта, не сака да дојде опозицијата, ама, не само да им ги изгласа корона-законите, туку, ако веќе дошла, да остане и за други закони? Ќе кажеме оправдано, ама што има тука рационално и зошто народот треба да страда поради партиските суети?
За тоа време, премиерот нѐ теши со тоа дека вакцините ќе пристигнат „не оваа среда, туку идниот петок!“. Се поигрува со нас на отворена сцена: Србија набавила вакцини затоа што е воено неутрална (Белким и Унгарија е воено неутрална!), ние сме, нели, во НАТО, ама затоа, кинеските вакцини ќе ни ги донесе (односно веста ќе ни ја донесе!) воениот министер на НР Кина!!!???
Најверојатно Столтенберг се држи за стомак од смеење, а НР Кина е земјата со која ние се поигрувавме како мали деца – аџамии и сѐ уште се поигруваме.
Не премиере, да не си го мамиме умот. Ако е така, тогаш Кинезите во Србија градат автопати и брзи патишта, пет пати побрзо отколку кај нас – само затоа што ние сме во НАТО!
Ако е така, тогаш на делницата Кичево-Охрид гинат нашите блиски и пријатели, божем сме во војна, затоа што ние сме во НАТО!
Еве како кругот се затвара, кога аџамии – партиски јуришници, изигруваат шефови на дипломатија. Со тоа што ја пониживме НР Кина, постојана членка на Советот за безбедност при ООН, си го кркавме на домашен терен – дебело со војна и загинати.
Денеска, вели Емил Киријас, да одиш во Шпанија, за да лобираш, токму таа земја, која каталонските сецесионистички лидери ги однесе во затвор или во прогон да го признае Косово, е исто како да појдеш во Пекинг да лобираш, НР Кина да го признае дипломатски Тајван!!!
Додека болните во ковид-центрите се борат за голтка воздух, шефот на дипломатијата (те уште и лекар по професија!) се рашетува по Швајцарија, ги крши тамошните мерки и протоколите, собира гастајбајтери за да има еден повеќе попишан во етничкото трло.
Заменикот на Заев, се рашетува на релација Скопје виа Приштина до Тирана, поигрувајќи се со чувствата на Македонците, Србите, Бошњаците, Власите и други етнички заедници, инволвирајќи туѓи држави во наши внатрешни прашања.
За тоа време молчи номиналниот (иако сите знаеме кој е реалниот!) шеф на Груби, молчи претседателот, се огласува едно портпаролче, со одглумен текст, исто како оној опскурен лик од „Зона Замфирова“. Колку ни е народот писмен и духовит: на социјалните мрежи, веќе, му го наденија прекарот – Манулаќот од Струмица!
На неговите одглумени партиски соопштенија, ќе им веруваме, исто толку колку што денеска можеме да веруваме, дека мојот Охрид, ќе си го поврати достоинството и одземениот имот, поради сојузувањето со мафијата на еден наш, овдешен, Манулаќ.
Нѐ имаше и такви, кои, уште 2005 година, јавно истапивме дека давањето на клучот на градот во рацете на тој човек, значи клуч за мафијата, наивно верувајќи дека ќе нѐ слушнат во Скопје. А тие од таму, што го поставија, уште тогаш, да ти биле длабоко навлезени во криминал и корупција, те, дека, токму таков им бил потребен и во Охрид!!!