Македонија утре во жолта фаза: Носете топла облека и пијте топли напитоци

Треба да се избегнув консумирање алкохол, бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија, како и редовно земање на пропишаната терапија кај хронично болните, а во случај на потешкотии со дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

1,041

На целото население се препорачува да се посвети внимание на заштита на здравјето, особено носење топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз и почеста консумација топли напитоци, препорачува Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови по најавата од Управата за хидрометеоролошки работи дека утре целата територија на државата ќе биде зафатена со пониски температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза, информира Министерството за здравство.

– Треба да се избегнув консумирање алкохол, бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија, како и редовно земање на пропишаната терапија кај хронично болните, а во случај на потешкотии со дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар. Воедно, се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини – велат од Министерството за здравство.

 

Поврзани содржини