МАКЕДОНИЈА ТОНЕ ВО КРИМИНАЛ Обвинителството се фати за две стебла и четири гранчиња канабис
Биле пронајдени две стебла од растението канабис со висина од по 130 сантиметри, со развиен корен, стебло, листови и цвет, 11 соголени гранки и четири гранчиња канабис, повеќе кутии со траги од наркотична дрога и рачно изработена цигара со марихуана.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 47 годишно лице за кое постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Како што соопшти Обвинителството, во својот дом на улицата Рилски конгрес во Скопје осомничениот неовластено произведувал наркотична дрога – марихуана. На 21 септември, вели Обвинителството, при претрес во неговиот дом биле пронајдени две стебла од растението канабис со висина од по 130 сантиметри, со развиен корен, стебло, листови и цвет, 11 соголени гранки и четири гранчиња канабис, повеќе кутии со траги од наркотична дрога и рачно изработена цигара со марихуана.
До судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.