МАКЕДОНИЈА СТАНУВА ВАЖНА РАСКРСНИЦА ВО ЕВРОПА Се инвестира во секоја област и во општините
ВМРО-ДПМНЕ вели дека со нивната влада земјава почнува да се трансформира, преку соодветни мерки најпрво се запре слободниот пад во економијата, економијата се стабилизира, а инфлацијата и трошоците за живот се намалија.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на зголемување на животниот стандард на граѓаните, раст на платите и пензиите, отварање на нови работни места, привлекување на странски инвестиции и инвестиции во општините, соопштија од владејачката партија.
Од партијата велат дека со нивната влада земјава почнува да се трансформира, преку соодветни мерки најпрво се запре слободниот пад во економијата, економијата се стабилизира, а инфлацијата и трошоците за живот се намалија.
„ВМРО-ДПМНЕ ги постави темелите за нова економска трансформација на државата и инвестира во општините. ВМРО-ДПМНЕ се грижи и ги реализира ветувањата пред граѓаните. Се инвестира во развојот на општините насекаде во државата, во моментот се реконструираат три патни правци во општина Велес, а со новиот повик којшто ќе биде објавен преку Министерството за локална самоуправа отприлика нови 6 до 6.5 милиони евра ќе бидат проектите коишто ќе бидат финансирани во Велес. Се инвестира и во хидросистемите во земјата а по речиси тригодишен застој се пушти во функција хидросистемот „Спас за Дојранското Езеро“ со кој од бунарите на Ѓавато се врши дотур на вода во Дојранското Езеро. Само во првите 4 месеци има повеќе нови странски инвестиции во износ од повеќе од 600 милиони евра и нови 1.600 вработувања. ВМРО- ДПМНЕ со своите мерки, постигна намалување на трошоците за храна и пијалоци за 5%, односно околу 1000 денари месечно, додека на годишно ниво тоа резултира со заштеда до 18000 денари за едно домаќинство, истовремено обезбедувајќи раст на платите и пензиите. ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми платите наставниците и професорите за 5 % уште во октомври годинава и секоја година ќе растат со тенденција за раст од минимум 46 % вкупно до 2028 година. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи и на проекти кои имаат стратешко значење за државата како коридорите 8 и 10 д“, се наведува во соопштението.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има за цел Македонија да ја претвори во важна раскрсница во Европа и тоа енергетска, железничка и транспортна раскрсница, додаваат од владејачката партија.