НЕМА ПОСИЛНА БИЗНИС СОРАБОТКА СО ЈАПОНИЈА БЕЗ ДОВЕРБА ВО ПРАВОСУДСТВОТО Амбасадорот Оцука со јасна порака до министерот Филков
Министерството за правда соопшти дека на средбата Филков и Оцука дискутирале за реформите во правосудството, состојбите во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, владеењето на правото и борбата против корупцијата.
Амбасадорот на Јапонија во Македонија Казуја Оцука на министерот за правда Игор Филков му ги посочил состојбите во македонското правосудство и истаккнал дека довербата во правосудтсвото е основа за зајакнување на бизнис односите меѓу двете земји.
Министерството за правда соопшти дека на средбата Филков и Оцука дискутирале за реформите во правосудството, состојбите во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, владеењето на правото и борбата против корупцијата.
„На Министерството за правда му претстојат многу предизвици чија крајна цел е зголемување на довербата на граѓаните во правосудството. Таа доверба е основа за зајакнување на бизнис односите меѓу двете земји. Од страна на Амбасадорот Оцука беа посочени и идентификувани состојбите во правосудниот систем за кои со министерот се согласија дека се потребни брзи и итни реформи. Беше разговарано за конкретни насоки како да се постави правосудството на независна основа“, соопшти Министерството за правда.
Оваа година, се додава, се навршуваат 30 години од билатералната соработка на Македонија со Јапонија. Во наредниот период е предвидено таа да се продлабочи како и да се разменат искуства од областа на правото.