МАКЕДОНИЈА СО РЕМИ ВО КАРДИФ МОЖЕ ДА ОДИ ВО БАРАЖ Велс минимално го совлада Лихтенштајн

Велшаните се надеваа на триумф со најмалку шест голови разлика, но едвај стигнаа и до минимална победа.

858

Фудбалерите на Велс вечерва го победија Лихтенштајн со 1:0 на гостувањето во Вадуз. Велшаните се надеваа на триумф со најмалку шест голови разлика, но едвај стигнаа и до минимална победа.

По овој резултат, на македонската репрезентација во Кардиф во вторник доволно ќе и биде и реми за да го освои второто место во Ј-групата и да оди во бараж за СП 2026 преку квалификациите.






Во случај на чудо, односно Белгија да загуби од Лихтенштајн дома, тогаш нашата репрезентација со победа над Велс ќе избори директен пласман на Мундијалот 2026 што ќе се игра во САД, Мексико и Канада.

Поврзани содржини