Македонија со поразличен состав против Лихтенштајн, изненадување во нападот
Дуелот започнува во 20.45 часот, а македонската репрезентација од првата минута ќе стартува со поинаков состав во поглед на тој против Романија.
Селекторот Игор Ангеловски објави со кои 11 фудбалери ќе стартува вечерва на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје против репрезентацијата на Лихтенштајн во вториот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство.
Дуелот започнува во 20.45 часот, а македонската репрезентација од првата минута ќе стартува со поинаков состав во поглед на тој против Романија.
На голманската позиција останува прва опција Димитриевски, во одбраната за разлика од претходниот меч со Романците, сега ќе бидат четворица дефанзивци, Ристовски, Муслиу, Ристевски и Алиоски.
Во средниот ред се Радески, Спировски, Барди и Елмас, а во нападот капитенот Пандев, кому друштво ќе му прави Трајковски. Ова се смета за мало изненадување, со оглед на тоа што во почетниот состав досега играше Несторовски.
Од клупата шанса за настап ќе чекаат: Јанков, Шишковски, Бејтулаи, Ашковски, Адеми, Хасани, Ибраими, Аврамовски, Николов, Стојановски, К. Велкоски и Несторовски.