Македонија со највисока стапка на смртност од коронавирусот од државите од поранешна Југославија

Најниска стапка на смртност има Црна Гора 0.8 отсто, која воедно е и последна држава во Европа во која коронавирусот е регистриран.

5,694

Просечната стапка на смртност од коронавирусот во државите од поранешна Југославија изнесува 2.7 отсто, бројот на потврдени случаи во сите шест земји е 7.170, додека починати вкупно има 196, покажуваат официјалните податоци заклучно со денешниот ден, јавува N1.

Според податоците, најголема стапка на смртност има во Македонија и изнесува 4.5 отсто. Во Македонија има 663 позитивни на коронавирусот и 30 смртни случаи.






Босна и Херцеговина, во која досега се потврдени 857 случаи, има 35 починати, со стапка на смртност од 4.1 отсто.

Селдна е Словенија со 3.8 отсто, има 1124 заразени лица и 43 починати.

Потоа селеди Србија која има најмногу потврдени случаи – 2.867 и 66 мртви и има стапка на смртност од 2.3 отсто.

Хрватска е претпоследна со 1.4 отсто и официјално 1.407 случаи и 20 починати.

Најниска стапка на смртност има Црна Гора 0.8 отсто, која воедно е и последна држава во Европа во која коронавирусот е регистриран. Бројот на потврдени случаи на смртоносниот вирус во Црна Гора е 252, а двајца заболени починале.

Поврзани содржини