МАКЕДОНИЈА СО ИГРАЧ ПОМАЛКУ И ИНИЦИЈАТИВА Во бурна атмосфера почна натпреварот Македонија-Бугарија

На 14 минути од почетокот на натпреварот македонскиот одбранбен играч Тодор Тодороски, по еден остар старт на средината на теренот и високо подигната нога, доби црвен картон, по што македонската репрезентација го продолжи натпреварот со еден играч помалку.

634

На градскиот стадион Арена „Тодор Проевски“ во Скопје вечерва, пред преполни трибини и во бурна и наелектризирана атмосфера, почна фудбалскиот натпревар Северна Македонија – Бугарија во рамките на натпреварувањата од Лигата на нациите.






На 14 минути од почетокот на натпреварот македонскиот одбранбен играч Тодор Тодороски, по еден остар старт на средината на теренот и високо подигната нога, доби црвен картон, по што македонската репрезентација го продолжи натпреварот со еден играч помалку. Фаулиран со удар во коленото беше играчот Марин Петков од бугарската репрезентација. Македонските фудбалери и клупата реагираа со негодување.

Натпреварот, кој нема влијание врз пласманот на ниту една од репрезентациите, се случува во момент на затегнати односи меѓу двете земји, што е забележливо од реакциите на публиката, па дури и на коментаторите. Пред почетокот на натпреварот бучно беше исвиркана бугарската химна, а можеа да се слушнат и недолични скандирања.

И покрај хендикепот од играч помалку македонската репрезентација ја има иницијативата. Се игра прилично груб и остар фудбал, и до 30 минута од наптреварот, покрај црвениот за Тодоровски, беа доделени вкупно три жолти картони: за Илијан Стeфанов (20 минута), Марин Петков (2 минута), од бугарскaта, како и Бојан Миовски (27 минута) од македонската репрезентација.

 

 

 

Поврзани содржини