🎥 МАКЕДОНИЈА СО ИГРАЧ ПОМАЛКУ ЈА СОВЛАДА ЕРМЕНИЈА СО 2-0 Нашата репрезентација е прва на табелата со 4 освоени бода

Дуелите во Лигата на нациите за Македонија продолжуваат во октомври со две гостувања. На 10 октомври, нашиот национален тим гостува кај Летонија, па три дена подоцна следува гостински натпревар и кај Ерменија.

419

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на Националната арена ја совлада Ерменија со 2:0 (0:0) во дуел од второто коло од Лигата на нациите.

Македонија играше и со играч помалку цело второ полувреме по црвениот картон на Ѓоко Зајков поради приговор.






Головите за победа ги постигнаа капитенот Барди од слободен удар во 70. минута, а 10 минути подоцна гол даде и напаѓачот на Жирона, Миовски, по соло акција во шесанесетникот на противникот.

Македонија на тој начин ја забележа првата победа и сега е прва на табелата со четири освоени бода, откако освои бод со Фарски острови.

Поврзани содржини